четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Димитријевиќ: Не можам да дочекам да започне истата

Димитријевиќ:  Не можам да дочекам да започне истата

Македонскиот кошаркаарски репрезентативец Ненад Димитријевиќ стави крај на една фантастична етапа со Хувентуд и си заминува од Бадалона по цели пет сезони, а во новата натпреварувачка сезона ќе биде дел од еден од најсилните тимови во шпанската лига.

Валенсија со огромно задоволство го претстави Димитријевиќ како прво големо засилување за следната сезона,

– Жртвата, болката, омразата, сомнежот, љубовта и поддршката од моето семејство и моите најблиски е она што ме доведе тука, онаму кадешто сакам да бидам. Пресреќен сум што се приклучувам на Валенсија. Супер возбуден сум за новата сезона, не можам да дочекам да започне истата, – гласи првата порака која ја испрати Нено.