Македонскиот кошаркарски репрезентативец Ненад Димитријевиќ се врати во составот на Хувентуд по прележаниот коронавирус одигрувајќи 19 минути во триумфот над Сарагоса од 88: 81 во рамки на 13. коло во шпанското првенство.
Димитријевиќ имаше ефект на паркетот од пет поени (1/5 шут од игра, 3/4 од линијата за слободни фрлања) и четири асистенции.
Ова беше 11. меч во сезоната за Хувентуд во „Ендеса“ лигата, и осма победа. (МИА)