петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Добре дојдовте во пеколот: Навивачите на Партизан создадоа бучава која го оштетува слухот

Добре дојдовте во пеколот: Навивачите на Партизан создадоа бучава која го оштетува слухот

Кошаркарите на Партизан вчера ја остварија првата победа во Евролигата, со 90:62 го совладаа Виртус, а огромен удел во триумфот имаат навивачите на Црно-белите.

Фановите во „Штарк арената“ во еден момент предизвикаа бучава дури од 116 децибели. Доколку при оваа бучава седите половина час, тогаш може да го оштетите слухот.

Околу 110 децибели изнесува бучава кога некој ви писка во уво, кога сте на концерт или ја слушате сирената на автомобилите. Бучава од 120 децибели прави млазен авион при полетување.

Ова е уште една потврда дека фановите на Партизан се нивниот шести играч на домашните натпревари во Евролигата.