петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Документарниот филм за легендарниот Буштур награден за најдобра режија

Документарниот филм за легендарниот Буштур награден за најдобра режија

Документарниот филм „Среќна 13“ посветен на ликот и делото на легендата на македонската кошарка Благоја Георгиевски – Буштур доби награда за најдобра режија на Меѓународниот фестивал за спортски филм што годинава по 12 пат се одржа во Златибор.

Специјалното жири, составено од еминентни познавачи на филмот и на спортот, одлучи дека „Среќна 13“ продуциран од Македонската телевизија во режија на Тони Ристовски, е најдобро режиран филм во конкуренција на 45 остварувања, кои жирито ги одбра во финалната селекција на фестивалот на Златибор.

– Режисерот Ристовски креираше еден филмски запис кој ќе остане засекогаш врежан во меморијата на сите следбеници на кошаркарскиот спорт, не само во нашата земја, туку и пошироко, соопшти денеска македонската кошаркарска Федерација.

На Фестивалот во Златибор награден беше и документарниот филм „Патот на кобрата до ѕвездите“, посветен на еден од најдобрите македонски фудбалери на сите времиња Дарко Панчев.