НБА тимовите на Кливленд и Јута вечерва направија голема размена.
Нов играч на Кливленд е феноменалниот бек Донован Мичел, а кон Солт Лејк Сити ќе тргнат дури три кошаркари и три пика од првата рунда на драфтот. Џез така за Мичел ги доби Колин Секстон, Лаури Марканен и Очаи Агбаи.
Мичел комплетната досегашна кариера ја помина во Јута. Во НБА лигата пристигна во 2017 година и стана една од најголемите ѕвезди. Сепак во текот на минатата сезона беше забележително незадоволството.