Македонскиот кошаркарски селектор Драган Бајиќ се соочува со нови проблеми со составот на кошаркарската репрезентација на Македонија пред завршните средби од квалификациите за СП 2024, гостувањето во Шпанија на 1 јули и домашниот меч со Украина три дена подоцна.
Речиси сигурно е дека Бајиќ нема да може да смета на Ненад Димитријевиќ, кој се пожалил на ситна повреда и ќе го прескокне јулскиот собир.
Американецот Вајли исто така нема да биде во составот, откако се пожалил на повреда. Вајли веќе обезбеди трансфер во далечната Јапонија, па многу извесно е дека тој веќе нема да настапува за националниот тим, а во најскоро време ќе треба да биде избран и нов натурализиран играч кој од наредниот квалификациски циклус ќе биде дел од репрезентацијата.
Дамјан Стојановски и Андреј Магдевски воопшто не се дел од списокот на Бајиќ, а мали шанси за настап му се даваат и на Бобан Стајиќ, кој влече незгодна повреда на тетивата по долгата и исцрпувачка сезона со Пелистер.