петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Драган Николиќ е нов тренер на МЗТ Скопје

Драган Николиќ е нов тренер на МЗТ Скопје

Српскиот кошаркарски стратег, Драган Николиќ, од е нов тренер на МЗТ Скопје, откако потпиша договор до крајот на сезоната со можност тој да биде продолжен и до јуни 2024 година.

Станува збор за добро познато име за македонската спортска јавност, со оглед што во сезоната 2016/17 повеќе од успешно го предводеше Карпош Соколи во АБА-лигата и ни беше повеќе од достоен ривал во битката за титулата во првата лига, која на крајот ја обезбедивме дури по „мајсторка“. Николиќ има и македонски пасош со оглед на потеклото на неговото семејство од нашата земја, а згора на тоа негова сопруга е една од најдобрите македонски кошаркарки на сите времиња, Марија Видикова, објавија од таборот на „сино-белите“.