Словенечкиот кошаркарски репрезентативец Горан Драгиќ ја продолжува кариерата во НБА лигата како нов челен на екипата на Чикаго Булс.
Драгиќ го најави минувањето во Булс на почетокот на јули, но сега е објавено дека кошаркарот ќе потпише едногодишен договор во вредност од 2,9 милиони долари.
Во редовите на Чикаго, Словенецот доаѓа од тимот на Бруклин Нетс, а претходно во НВА играше и за Феникс Санс, Хјустон Рокетс, Мајами Хит и Торонто Репторс,
За 36-годишниот Драгич ова е 15-та сезона во најсилната кошаркарска лига на светот. Во тој период просечно постигнуваше по 13,7 поени по натпревар. Минатата сезона во Нетс имаше просек од 7,5 поени и 4,1 асистенции по меч.