Словенечкиот кошаркарски репрезентативец Горан Драгиќ потпиша едногодишен договор со Чикаго. Тој ќе има годишна плата од 2,9 милиони долари, а како што пишуваат американските медиуми, клучна улога за негов трансфер одиграл црногорскиот центар Никола Вучевиќ.
Драгиќ (36) вториот дел од минатата сезона го мина во Бруклин, а претходно играше за Торонто, Мајами, Феникс, Басконија, Хјустон, Феникс, Олимпија, Мурсија и Слован.
Со репрезентацијата на Словенија го освои златниот медал на ЕП 2017 во Турција.