Кошаркарот на Голден Стејт Вориос Дрејмонд Грин официјално доби нов договор вреден 100 милиони долари за четири години, понуда која ја прифати и останува во Сан Франциско.
Со ова останува на исто место големата тројка на „воините“ која заедно со тренерот Стив Кер ќе се обиде да зададе уште некој удар во престојниве сезони.
Американскиот репрезентативец целата своја НБА кариера е дел од Голден Стејт, тим кој во 2012 година го избра како 35 пик на драфтот.