вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Дресoт на Џордан од „последниот танц“ може да се продаде за 5 милиони долари

Дресoт на Џордан од „последниот танц“ може да се продаде за 5 милиони долари

Црвениот дрес на Чикаго булс со бројот 23 на легендарниот Мајкл Џордан може да се продаде за сума од 5 милиони долари на аукцијата која ќе се одржи во септември во Њујорк.

Дресот не е обичен, туку Џордан го носеше во неговиот „последен тац“, кога со Биковите ја освои својата шеста и последна титула во сезоната 1997/98.

Ова е само втор дрес на Џордан што ќе се продава на аукција бидејќи повеќето се чувани во приватна сопственост, а еден е дониран во Смитсојнијан националниот музеј за африканска историја и култура. Вредноста на овој дрес се проценува на 3 до 5 милиони долари.

Инаку најскап спортски дрес што е продаден на аукција е на фудбалската икона Диего Армандо Марадона за сума од 9,3 милиони долари, кој го носеше кога го постигна голот „Божјата рака“ против Англија на Мундијалот во 1986 година.