Дресот на легендарниот американски кошаркар Мајкл Џордан од првиот финален натпревар на НБА лигата во 1998 година во кој Чикаго играше со Јута е продаден на аукција за рекордна цена.
Очекувањата беа дека наддавањето ќе достигне сума од три до пет милиони евра, но истиот беше продадеден за 10.1 милион долари со што го сруши рекордот (9.3 милиони долари) кој досега го држеше дресот кој го носеше Диего Марадона кога го постигна голот кој ќе биде запомнет во историјата како „Божјата рака“.