вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Дурант: Играме одбрана недисциплинирано и премногу агресивно

Дурант: Играме одбрана недисциплинирано и премногу агресивно

Кошаркарот на Бруклин, Кевин Дурант, изјави дека многуте прекршоци биле причина за поразот од Атланта (115:122) и ја нарече дефанзивната игра на неговиот тим „недисциплинирана“.

– Рано влегувавме во бонус. На противникот му даваме дополнителна предност на почетокот на секоја четвртина. Односот во бројот на реализирани слободни фрлања беше 37:14. И тоа не поради судиите, туку затоа што играме недисциплинирано и премногу агресивно. Тие постигнаа 42 проценти од полето и 31 проценти од зад лакот. Ова се добри показатели за одбраната. Тие направија само два скока и една асистенција повеќе од нас. Решавачки беа фаулите. Не можеме да играме така ако сакаме да победиме, изјави Дурант.

Атланта изведоа 49 слободни фрлања во натпреварот, додека Нетс 19.

По овој пораз, Бруклин нетс се на 9.место во Источната конференција од НБА-лигата со биланс 40 победи и 38 загубени натпревари.

Атланта е едно место погоре со ефект 41 победа и 37 порази. (МИА)