Кевин Дурант го напушта тимот на Бруклин и кариерата ја продолжува во Портланд трејлблејзерс.
Дурант се сели кај Демиен Лилард со кого ќе формира ново ѕвездено дуо, а за возврат Мрежичките ќе ги добијат Џош Харт, Енфирни Симонс, Насир Литл и три идни пикови од првата рунда на драфтот.
Со овој трејд се најавува распадот на Бруклин. Пред само половина година во овој тим играа Дурант, Харден и Ирвинг. Брадата замина во Филаделфија, додека и Кајри се подготвува за преселба во Лејкерс.
За шпекулациите потполно да разгорат, Лилард на својот инстаграм-профил објави фотографија на која стои покрај новиот соиграч.