Кошаркарот на Голден стејт, Кевин Дурант се повреди во петтиот натпревар од четвртфиналните на НБА плејоф против Хјустон (104:99) и повеќе нема да игра во серијата, информира „ЕСПН“. Играчот го заврши мечот две минути пред крајот на третата и не влезе во последната четвртина.
На Дурант му е дијагностицирана мало истегнување на листот на десната нога. Така, еден од најдобрите играчи на актуелниот шампион нема да игра во остатокот од серијата со Хјустон.
Дали ќе се врати на теренот до крајот на сезоната ќе се знае по една недела.
Голден стејт води против Хјустон со 3-2 во серијата прв до четири победи. (МИА)