Кавгата меѓу ѕвездата на Бруклин, Кевин Дурант и неговиот поранешен соиграч Кендрик Перкинс е сè друго, но не и завршена. Нова порција интриги меѓу двајцата беше оформена поради јавниот напад што Перкинс му го нанесе на соиграчот на Дурант во тимот на „мрежите“ – Каири Ирвинг.
Перкинс, кој е аналитичар во ЕСПН, во неколку наврати го критикуваше Ирвинг за обидот да ја спречи сезоната да продолжи во Орландо. Сепак, Кеј Ди ја зазеде позицијата на Каири, оставајќи елоквентен коментар под еден од постовите на поранешниот центар – „предавник“.
Уште повеќе, Дурант повторно додаде гориво во огнот, овој пат на својот профил на Твитер, споделувајќи видео од Перкинс од неговите денови во Оклахома, на кое се гледа како негов шут не стигнува дури ни до кошот – „ербол“.
Двократниот шампион со „Вориорс“ потоа го поддржа својот соиграч Вилсон Чендлер, кој исто така го нарече Перкинс „предавник“.