Кошаркарот на Бруклин Кевин Дурент, повторно е повреден. Дурент се повреди уште во првата четвртина од натпреварот со Мајами Хит .
Според информацијата, тој има проблеми со левиот колк кој мора да биде лекарски третиран. Денеска ќе бидат направени специјалистички прегледи за да е утврди точната дијагноза и евентуалната пауза која тој мора да ја направи до санација на проблемот.
Да подсетиме Дурент пропушти 23 натпревари со повреда на тетивата.