Кошаркарите на Денвер триумфираа синоќа на гостински терен против Кливленд со 120:103, предводени од одличниот Џамал Мареј, кој имаше ноќ за паметење во НБА лигата.
Канаѓанецот придонесе во триумфот на Денвер со 50 поени, станувајќи прв кошаркар во историјата на Лигата, кој стигнал до таа бројка, со процент на реализација од 80 отсто во обидите за тројки и од линијата за слободни фрлања.
Резултати во НБА од ноќта меѓу петокот и сабота:
Орландо – Голден Стејт 124:120
Кливленд – Денвер 103:120
Филаделфија – Чикаго 112:105
Бостон – Атланта 121 :109
Мемфис – Детроит 109 :95
Милвоки – Оклахома 98:95
Њу Орлеанс – Феникс 114 :132
Минесота – Торонто 81:86
ЛА Клиперс – Јута 116:112. (МИА)