Еден од најдобрите кошаркари на нашата машка репрезентација против Италијанеците беше Џејкоб Вајли кој во првиот меч во нашата селекција постигна 17 поени , 6 скокови, 1 асистенција и 2 блокади.
Американецот со македонски пасош е горд на како овој меч го одигравме, но воедно посочи каде треба да се поправиме за да славиме на следните закажани битки во Русија.
–Се боревме жестоко во текот на целиот натпревар. Имавме неколку фантастични серии, но и падови во играта. Сепак, горд сум на тоа како се однесувавме во дуел со еден голем ривал, имаме уште три натпревари и мораме што побрзо да се насочиме кон нив . Секогаш кога ќе се промашат слободни фрлања е лошо за тимот. Но, мислам дека денеска имавме малку поголеми проблеми, особено во одбраната каде дозволивме неколку лесни поени од транзиција и од отворени позиции за тројка и на нив треба да насочиме повеќе внимание во иднина, –истакна Вајли.
Следната средба ја играме утре и тоа против домаќинот Русија.