Џими Батлер забележа „трипл-дабл“ со 34 поени, 12 скока, 11 асистенции и пет украдени топки, а Мајами го победи Лос Анџелес Лејкерс со 111-108 и избегна елиминација во финалето на НБА. Хит заостануваат со 2-3 во „меурот“ во Орландо и во недела ќе се борат за израмнување.
Данкан Робинсон постигна 26 поени за Хит, Кендрик Нун додаде 14, а Бам Адебајо, Тајлер Хиро и Џеј Краудер постигнаа по 13, 12 и 11, Леброн Џејмс постигна 40 поени и освои 13 скока за Лејкерси, додека Ентони Дејвис запиша 28 поени во петтиот натпревар од серијата.
Џејмс го израмни резултатот на 101:101 на само 2:52 минути пред сирената и му донесе предност на својот тим од три поени по уште една минута игра, но Батлер не запре со кошевите. Тој го врати водството на Хит на 1:13 минути пред крајот, а Џејмс одговори со нов кош за 106:105 за Лејкерси на 58,2 секунди на часовникот.
Личниот дуел меѓу двајцата продолжи со два удари од фаул на Батлер, но Лејкерси повторно поведоа преку Дејвис за 108:107 на 21,8 секунди до крајот. Во нападот што следеше, Батлер стрелаше точно двапати од линијата за слободни за 109: 108.
Лејкерси ја држеа топката за потенцијален последен напад и се обложија на удар од тројка на Дени Грин, кој не успеа да постигне и топката дојде кај Хит. Хиро постигна два коша од пенал, а Џејмс не успеа да израмни со сирената и така серијата ќе продолжи во недела.
Clutch, turnaround, fadeaway buckets in #PhantomCam. #NBAFinals
Game 6: Sunday – 7:30pm/et, ABC pic.twitter.com/PgwydJSBIH
— NBA (@NBA) October 10, 2020