Сите сме навикнати на кошаркарски тренери кои се со пропорции од 200 сантиметри и 120 килограми минимум, но случајот со Сидни Картер ги побива сите досегашни мислења. Таа е дел од стручниот штаб на женската екипа на универзитетот „Texas A&M“ и на последниот натпревар се појави во ова „жешко“ издание, за кое пишуваат ама буквално сите спортски медиуми во САД.
Едните ја критикуваат, останатите ги објавуваат фотографиите со сласт што се вели, се во насока, Картер да биде објавена на што по провокативен начин. Таа пак изјави дека не гледа ништо особено во нејзиниот избор на гардероба во овој случај и дека тоа ќе го направи на ист или сличен начин во некоја наредна прилика.