Четворица јапонски кошаркари, членови на репрезентацијата која настапи на Азиските игри, добија едногодишна забрана да играат, откако претходно беа санкционирани заради изнајмување на проститутки во Џакарта.
Репрезентацијата на Јапонија учествуваше на Азиските игри во Индонезија, а играчите Такуја Хашимото, Кеита Имамура, Јуја Нагајоши и Такума Сато беа испратени порано дома, откако на 20 август им беа одземени акредитациите.
Тие беа санкционирани бидејќи беше утврдено дека четворицата кошаркари ја поминале ноќта со проститутки во хотел во Џакарта.
Осрамотените играчи беа вратени дома, а по распистот пред Комисијата за овој случај добија едногодишна суспензија.
Останатите членови на јапонската репрезентација го продолжија натпреварувањето во Џакарта, но беа елиминирани во четвртфиналето од Иран и ќе играат против Индонезија за седмата позиција на Азиските игри.