Македонскиот кошаркарски тренер Емил Рајковиќ доби огромна чест да биде тренер на „ол-стар“ натпреварот во ВТБ-лигата .
Рајковиќ пишува историја со ЦСКА Москва со резултатите во натпреварувањето и ја има најдолгата низа победи во лигата. Тоа му донесе шанса да биде дел од „ол-стар“ мечот што е големо признание во кариерата на нашиот кошаркарски работник.
Дел од „ол-стар“ мечот ќе биде и македонскиот плејмејкер Ненад Димитријевиќ кој ќе игра за „Њу Скул“ екипата, која ќе ја води токму Рајковиќ. На спротивната страна, во „Олд Скул“ екипата тренер ќе биде Велимир Перасовиќ.
„Ол-стар“ натпреварот во Русија во рамки на ВТБ-лигата ќе се игра на 19 февруари.