Македонскиот кошаркарски тренер Емил Рајковиќ се пласираше со својата ЦСКА од Москва во полуфиналето на руската ВТБ- лига откако со максимални 3:0 во серија таа славеше против Автодор Саратов.
На последниот натпревар од серијата, ЦСКА славеше на гости со 67:76, и со тоа го осигури местото меѓу четирите најдобри, каде што за противник во полуфиналето ќе го има подобриот од дуелот меѓу Локомотив Кубан и Нижни Новгород. Тимот од Кубан е на една победа до пласман во следната фаза.
Вториот македонски претставник во ВТБ, Ненад Димитријевиќ, и неговиот Уникс Казањ, исто така, се со едната нога во полуфиналето, имајќи предност од 2:0 против Парма од Перм.