петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Ентони Дејвис се повреди , го чека подолга пауза

Ентони Дејвис се повреди , го чека подолга пауза

Ентони Дејвис го повреди коленото во второто полувреме на мечот со Минесота  и не се врати на паркетот за да сега по направените медициски тестови стигне информација дека ќе биде во „аут“ најмалку еден месец. Ентони ќе мора да мирува четири седмици по што одново ќе биде прегледан што значи ќе се врати на терените во 2022 година, ама прашање е дали тоа ќе биде во јануари.

Секако ова е сериозен удар за „езерџиите“ кои имаат доста проблеми со повредени и заразени играчи со коронавирусот, но без разлика на се во моментов се на шестото место на Западот во НБА лигата.

„Веѓата“ во актуелнава сезона има учинок од 23,3 поени, 9,9 скокови, 2,9 асистенции и 2 блокади по натпревар.