Кадетската репрезентација на Македонија запиша победа над Романија со 74:71 (42:33) и се пласираше во полуфиналето од Европското првенство (Б-дивизија).
Марко Миловановиќ беше најпрецизен за „црвено-жолтите“ со 21 поен, 12 скока, 5 асистенции и 3 украдени топки. Одличен натпревар одигра и Богдан Мирковски со 17 поени и 11 скока, додека за поразениот тим Стефан Грасу исто така постигна 21 поен.
Со победата, кадетите се пласираа во полуфиналето каде не очекува репрезентацијата на Босна и Херцеговина. Натпреварот е закажан за утре (17-ти август) со почеток од 18:45 часот.
Во рамки на второто полуфинале ќе играат Русија и Чешка. (МИА)