понеделник, 13. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Ергин Атаман побара уште три засилувања во ПАО

Ергин Атаман побара уште три засилувања во ПАО

Турскиот тренер и предводник на Панатинаикос, Ергин Атаман, изјави за грчките медиуми дека на тимот му се потребни уште барем 2-3 засилувања за да може да биде конкурентен во Евролигата.

„Детелинките“ од Атина летово скоро целосно го променија ростерот и доведоа неколку исклучутелнно звучни имиња, но тимот не ги прикажува очекуваните игри и во моментот имаат две победи и три порази. Се шпекулира дека мал „аларм“ е веќе вклучен кај управата, но и тренерот смета играчкиот кадар може да биде уште малку „збогатен“ во следниот период.

Голем проблем предизвика повредата на Јоанис Папапетру, кој мора да замине на операција на коленото, а и дел од другите играчи не се во формата што се бара од нив.