Еторе Месина ги разреши сите дилеми околу својата иднина објавувајќи дека ќе остане на чело на Милано и во наредната натпреварувачка сезона.
Месина јасно стави до знаење дека нема намера да се повлече и се уште има беспрекорна соработка со раководството на клубот.
„Апсолутно, јас останувам во Милано и наредната сезона, ќе продолжиме заедно со огромна верба едни во други. Верувам дека можеме да направиме добри работи во иднина за овој клуб. Секако, не може да бидеме среќни од она што го покажавме сезонава во Евролигата. Но, само еден тим ќе излезе како победник со пехарот. Ако само еден тим победува на крајот, тоа не значи дека сите останати не знаеле што прават“, изјави Месина.