среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Еуро Никел немаше проблеми со Кожув

Еуро Никел немаше проблеми со Кожув

Кошаркарите на Еуро Никел од Кавадарци запишаа победа од 84-75 над Кожув, за одржување на втората позиција во македонската Прва лига и зголемување на шансите за настап во плеј-офот. .

До победата кавадарчани ги предводеше Роберт Рикиќ кој собра „дабл-дабл“ од 29 поени и 14 скокови. Кај Кожув најефикасен беше Лок со 20, додека 14 поени собра Скот, а 13 Кампара, колку што имаа Караколев и Соколов од Еуро Никел.