четврток, 28. декември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Еуро Никел победи во Гевгелија, Гостивар со нов триумф на домашен терен

Еуро Никел победи во Гевгелија, Гостивар со нов триумф на домашен терен

Составот на Еуро Никел издвојува победа над Кожув од 77-75 во последната средба во првата кошаркарска лига.

Средбата во Гевгелија беше доста борбена, неизвесна, а како пресудна за победата се покажа завршната четвртина на гостите кои ја добија со 26-20.

Ова за кавадарчани беше десетти сезонски триумф во кој се издвоија Балмазовиќ со 19, Планинииќ со 16 и Соколов со 15  кошеви. Гордон со 22 поени беше најсветла точка кај поразениот тим.

Гостивар пак продолжи да доминира во својата сала „Младост“ каде има осум од осум, односно најнова жртва е Навико Академија ФМП која беше совладана со 87:79.

Ефремовски и Вучковиќ искомбинираа 47 поени, во гостинската екипа пак блескаше Смит-Меквејн кој даде 29 поени.