понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Еуро Никел триумфира против Кожув

Еуро Никел триумфира против Кожув

Екипата на Еуро Никелод Кавадарци  продолжува со одличните партии во домашниот шампионат, откако одново по продолженија се избори за трета победа во низа, овој пат на гости кај Кожув од 76-81 (66-66).

Во регуларниот дел, на семафорот остана 66-66, откако гостите од Кавадарци во последниот квартал успеа да ја анулира домашната предност, па дури и да поведат, но во самиот финиш Кожув беше концентриран во двата правци и се избори за дополнителни пет минути.

Во продолжението, Еуро Никел го фати посакуваниот ритам и заслужено извојува победа од 76-81.

Кај Кожув, Скот со 23 и Силаџи со 21 поен беа најпрецизни на натпреварот, додека кај победничкиот тим се истакна Рикиќ со 16 поени и 11 асистенции.