Кошаркарите на Црна Гора успеаа да шокираат еден од домаќините и ја победи Грузија со 81-73 во Тбилиси.
Црногорците го имаа водството од самиот почеток на мечот, а Грузија успеа да израмни само при 15-15 на средината на првата четвртина, по што следеше возбудлив период и неколку пресврти за на крај Црна Гора да замине на полувреме со 41-35.
Драмата продолжи во вториот дел, а Грузија не ѝ дозволи на Црна Гора да избега (47-48), но сепак немаше доволно сила за пресврт, па така ривалите си обезбедија место во осминафиналето.
Најдобар во тимот на Црна Гора беше Дробњак со 22 поени, додека кај Грузија најефикасен беше Мекфејден со 16 поени.