Кошаркарската репрезентација на Франција е првиот четвртфиналист на Европското првенство откако во крајно неизвесен натпревар со 87:86 ја победи Турција.
Противник на Франција во четвртфиналето ќе биде подобриот од дуелот меѓу Србија и Италија кои ќе играат утре.
Руди Гобер постигна 20 поени со 17 скока за Франција, Томас Ертел и Еван Фуриние дадоа по 13 поени, додека на другата страна Бурган Тангер постигна 22 поени, Фуркан Коркмаз 18, а Сертач Санли 12 поени