Србија во последниот натпревар од групата на ЕП славеше со убедливи 96-69 против Полска и го освои првото место во групата и закажаа осминафинален натпревар против Италија.
Селекторот Светислав Пешиќ притоа успеа и да ги зачува своите клучни кошаркари, но и покрај тоа што одигра само 17. минути Јокиќ беше лидер на својот тим со 19 поени и 5 скока.
Деби на Евробаскетот имаше Милутинов кој постигна 16 поени и 3 скока. Михајлак беше лидер на Полска со 17 поени и 4 скока.
Италија во осминафиналето се пласираше од четвртото место во групата „Ц“ со триумфот над Велика Британија од 56-90.