сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Европа ќе добие нов владетел, Словенија елиминирана од Полска

Европа ќе добие нов владетел, Словенија елиминирана од Полска
Полска го победи актуелниот европски шампион, Словенија.  Полска фуриозно го почна мечот, во текот на втората четвртина поведе и со највисоки 23 поени разлика, 54-31.
Но Словенија успеа да ја надополни таа негатива, имаа совршена трета четвртина во која постигнаа 24 поени, а на противникот му дозволија даде само шест поени.
Во последниот период Словенија го сврте мечот, имаше водство и од пет разлика и тогаш се чинеше дека работите си дојдоа на свое. Но финишот и припадна на селекцијата на Полска која го врати водството и на крајот победи со 90-87.
Најголемата ѕвезда на Словенија, одигра лош натпревар, даде само 14 поени, погоди само 1 од 4 слободни фрлања, имаше 33 проценти реализација, 2 од 7 за три поени и 5 од 15 за два.
Најефикасен во составот на Словенија беше Чанчар со 21 поен, Драгиќ реализираше 17.
Играч на мечот беше Матеуш Понтика кој имаше трипл-дабл учинок со 26 поени, 16 скокови и 10 асистенции.
Полска во полуфиналето ќе игра против селекцијата на Франција. Во другото полуфинале се среќаваат Шпанија и Германија.