Неколку дена откако излезе веста дека Ергин Атаман е еден од кандидатите за позицијата помошник тренер во еден од НБА тимовите, се појавија гласини дека НБА тим е заинтересиран за Ларкин.
Исто така се шпекулира дека во НБА, кариерата ќе ја продолжи и партнерот на Ларкин во бековската линија, Василије Мициќ.
За Ларкин се заинтересирани Вашингтон Визардс, а тој во НБА лигата настапуваше за екипите на Далас, Њујорк, Бруклин и Бостон, пред да дојде во Европа во 2018 година и да го облече дресот на Ефес со кој испиша историја.