сабота, 30. декември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Факундо Кампацо не е повеќе кошаркар на Црвена Звезда

Факундо Кампацо не е повеќе кошаркар на Црвена Звезда

Аргентинскиот кошаркар Факундо Кампацо, не е повеќе дел од Црвена Звезда. Кошарскиот клуб од Белград ја објави разделбата, после само неколку месеци.

Кампацо имаше опција да продолжи со белградските „црвено-бели“ на уште една сезона, меѓутоа се одлучи да не ја активира таа опција.

„Кошаркарот на Црвена Звезда и репрезентативецот на Аргентина, Факундо Кампацо не е повеќе играч на нашиот клуб“, објави српскиот тим на социјалните мрежи.