понеделник, 13. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Фаворитите без проблеми до победи во стартното коло во женскиот кошаркарски шампионат

Фаворитите без проблеми до победи во стартното коло во женскиот кошаркарски шампионат

Овој викенд почнаа возбудувањата и во најсилното кошаркарско друштво во женска конкуренција. Стартот, како да помина без некои сериозни изненадувања.

Бранителот на шампионската титула, екипата на Баскет Кам 2011 славеше со убедливи 92:55 против видно подмладениот состав на Струга во кој од оној ланскиот, ги нема Кукунешкоска, Шејкероска и Стојаноска.

Димова финишираше со 22.поени, Адамовска имаше 16, а по 13. дадоа Тасевска и Максимовска.

Очекувано, Американката Ајана Мазук со 23.поени беше прв стрелец до домашната екипа во која репрезентативката Модева додаде уште 12.

Доста интересен натпревар одиграа екипите на Прибаскет и на Куманво Гризли, со акцент на присуство на неколку добри странски кошаркарки. И се чини дека токму квалитетите кои ги има Снежана Алексиќ, потпомогната од американскиот двоец Џонсон-Кемп, ја донесоа конечната предуса, победата односно двата бода да одат за Куманово.

Овој „трилинг“ искомбинира 47, од крајните 59. поени на гостинската екипа. Домашната застана на бројката 51, а добар дел од поените дојдоа од нивното засилување, Милица Јовановиќ, која реализираше 21 поен.