Турскиот кошаркарски прволигаш Фенербахче ја најде замената за досегашниот предводник Игор Кокошков.
Кокошков одлучи да си замине за да одново биде дел од НБА лигата и тоа во Далас Маверикс, па поради тоа клубот од Истанбул беше во потрага по нов стратег, потрага која заврши со ангажман на Александар Ѓорѓевиќ.
Ѓорѓевиќ кој во изминативе две години беше дел од Виртус Болоња се договори со Фенер и ќе го води истиот во наредните три сезони.