На четирите средби од 14. коло во кошаркарската Евролига, единствената победа на домашните тимови ја оствари Макаби, кој на дуелот во Тел Авив го совладаа актуелниот шампион Фенербахче со 82-73.
Ова беше петтиот пораз на бранителот на трофејот, по кој Фенербахче падна на четвртото место на табелата, бидејќи атински Панатинаикос во Белград беше подобар од Црвена звезда со 69-63.
Победи на гостински терен остварија и Реал Мадрид кој со 81-66 го совлада Бамберг, како и Жалгирис кој беше подобар од Валенсија со 71-63.
Денеска ќе се играат преостанатите четири натпревари, а во нив се среќаваат ЦСКА Москва – Химки, Анадолу Ефес – Олимпијакос, Басконија – Барселона и Уникаха – Милано.