понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Фенербахче се засили со член на НБА шампионот

Фенербахче се засили со член на НБА шампионот

Српскиот кошаркар Немања Бјелица реши да се врати во Европа и повторно ќе го носи дресот на Фенербахче.

Бјелица се реши на ваков чекор непосредно откако ја освои НБА титулата со Голден Стејт Вориорс и сигурно ќе биде големо засилување за турскиот великан.

Србинот потпишал двегодишен договор со составот од Истанбул, за кој настапуваше во периодот од 2013 и 2015 година, а во Европа беше член и на Басконија и Црвена Звезда.

Во НБА кариерата, Бјелица го носеше дресот на Минесота, Сакраменто и Мајами, како и на Голден Стејт со кој е актуелен НБА шампион.