недела, 10. март 2024. Вести денес: 0
home Кошарка

Фенербахче тргнува по НБА засилување

Фенербахче тргнува по НБА засилување

Шпанскиот кошаркарски репрезентативец Вили Ернангомез е пред враќање на Европа. Ернангомез замина во НБА во 2016 година, каде што играше за Њујорк, Шарлот и за Њу Орлеанс.

За осум сезони поминати во најсилната лига на светот собра 344 настапи, со просек од 7,3 поени на натпревар.

Сепак, се чини дека Вили ќе ја продолжи кариерата во Евролигата, во редовите на турско Фенербахче. Наводно, Фенер веќе испратил понуда до Шпанецот, според која би заработувал 2.500.000 евра за сезона.