четврток, 11. јануари 2024. Вести денес: 0
home Кошарка

Феникс без странци до крајот на сезоната

Феникс без странци до крајот на сезоната

Илајџа Џојнер повеќе не е член на тимот на Феникс 2010 откако замина во САД поради семејни обврски.

Дваесетитригодишникот дебитираше во оваа екипа за Купот на Македонија каде беше од огромна помош во постигнувањето на историскиот успех со освојување на сребрениот медал, како и во четритите настапи во Првата лига.

Заминувањето на Џојнер значи дека Феникс ќе ја доигра сезоната без странски кошаркари откако на почетокот на овој месец си замина и Чарлс Фалден.