Екипата на Феникс санс ноќеска го совлада Кливленд кавалирс на негов терен со 120:115.
За „Сонцата“ ова е 14-та победа во низа. Санс последен пат беа поразени на 27 октомври од Сакраменто кингс, кога Харисон Барнс го постигна победничкиот удар со звукот на сирената.
Вицешампионот на Западната конференција ја започна НБА-сезоната со една победа од четири натпревари, а потоа врза 14 победи.
– Само се случи да се вклопат коцките. Секако во нашите планови не беа 1-3 на стартот од првенството. Имаме одличен тим, и функционираме како едно семејство. Никогаш не сум играл за ваков тим, изјави најдобриот играч на Феникс, Крис Пол.
Санс ја има својата најдолга победничка серија од 2006/07 година, кога направи клупски рекорд со 17 натпревари без пораз.