среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Феникс Санс на продажба

Феникс Санс на продажба

Американскиот клуб во професионалната кошаркарска НБА лига, Феникс Санс, чија екипа претходната сезона играше во големото финале на плејофот а оваа сезона имаше најдобар сооднос на победи и порази, ќе го промени сопственикот.

Актуелниот сопственик на Санс и женската екипа од професионалната ВНБА лига Феникс Меркјури, Роберт Сарвер, изјави дека е во потрага по заинтересирани откако НБА лигата го суспендираше на една година и финансиски го казни со 10 милиони долари обвинувајќи го за расистички коментари и непристоен речник, како и „сексистичко однесување“ кон вработените жени.

Сарвер ги купи Феникс Санс во 2004 година за 401 милиони долари, а моменталната вредност на клубот е проценета на 1,8 милијарди долари.