вторник, 21. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Феникс Санс од наредната сезона со нов тренер

Феникс Санс од наредната сезона со нов тренер

Управата на Феникс санс одлучи нов тренер на Сонцата да биде Френк Вогел, објави новинската агенција Асошиејтед прес.

Вогел во својата кариера беше тренер на Индијана пејсерс, Орландо меџик и Лос Анџелес лејкерс и токму со Езерцата во 2020 година ја освои титулата, која е 17-та во клупската историја.

Токму ЛА Лејкерс и Бостон селтикс се екипи со највеќе шампионски титули во НБА.Вогел во досегашната тренерска кариера има скор од 431 победа и 389 порази во регуларниот дел, додека во плејофот има учинок од 49 победи и 39 порази.