понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Феникс убедлив против Академија ФМП

Феникс убедлив против Академија ФМП

Кошаркарите на Феникс 2010 остварија убедлив триумф над Академија ФМП од 96:76 во единствениот меч од денешната програма од 13. коло.

Гостите беа одлични во нападот, солидни во одбрната што им донесе поволен резултат во Кисела Вода, трето славје во низа, вкупно осмо во кампањата 2022/2023.

Дуото Трајковски-Митревскии искомбинира 55 поени кај победникот или поточно повеќе од половина, додека кај поразените Смит-Меквејн уфрли 22,  а Мариновиќ 22 кошеви. Навико Академија ФМП по 13 кола останува на три победи.