вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

ФИБА објави како ќе се стигне до дополнителните четири билети за Олимпијадата во Париз

ФИБА објави како ќе се стигне до дополнителните четири билети за Олимпијадата во Париз

За да биде дел од овие натпреварувања, Македонија треба да биде победник во вториот круг од претквалификациите за ЕП 2025. Вкупно 40 национални кошаркарски тимови од пет региони во светот ќе ги комплетираат ФИБА претквалификациските турнири кои ќе се одржат во периодот од 12. до 20.август 2023 година, а ќе бидат организирани на пет различни локации, во Африка, Америка, Азија/Океанија, и два на просторот на Европа.

Победниците на овие пет претквалификациски турнири, по еден од Африка, еден од Америка, еден од Азија/Океанија, и два од Европа, ќе им се придружат на 19 тимови учесници на ФИБА Светскиот Куп 2023, и ќе ги комплетираат Олимписките квалификациски турнири кои ќе се играат во периодот од 2. до 7. јули во 2024 година.

 

УЧЕСНИЦИ

Право на учество на овие претквалификациски турнири од европската зона ќе имаат 12 национални селекции кои играат во вториот круг од натпреварите од европската зона за Светскиот Куп 2023, а кои нема да обезбедат место на Мундобаскетот.Покрај нив, шанса добиваат и победниците на вториот претквалификациски турнир за Евробаскетот 2025 од групата „Д“, каде лидер по четири одиграни кола е нашата репрезентација, групата „Е“, и групата „Ф“, како и еден најдобра рангиран национален тим од Европа, според ФИБА ранкингот. Одлуката кои ќе бидат тие учесници ќе биде позната по седницата на Централниот Борд на ФИБА кој ќе се одржи во текот на 2023 година.

СИСТЕМ ЗА НАТПРЕВАРУВАЊЕ

Осумте тимови, учесници на еден од петте турнири, ќе бидат поделени во две групи. Односно група „А“ и група „Б“ со по четири натпреварувачки селекции. Секој од тимовите ќе одигра по три натпревари во првата, групна фаза. Првопласираните две екипи од двете групи ќе играат во полуфиналето, (според системот А1-Б2 и Б1-А2), а победниците ќе се борат за местото кое води на квалификациските турнири на Олимписките Игри во Париз.Кои федерации ќе бидат организатори на овие пет претквалификациски турнири ќе биде познато на 29.април, 2023 година, по седницата на Централниот Борд на ФИБА.Недолго потоа, ќе биде организирана и ждрепката на натпреварувачките групи за сите натпревари од олимписките прет-квалификациски турнири.