На Централниот одбор во април, ФИБА ќе ја разгледа можноста за враќање на репрезентациите на Русија и Белорусија во системот на натпреварување, соопшти Генералниот секретар Андреас Заглис.
Двете селекции, како и клубовите од овие држави, се суспендирани од мај 2022 година, како последица на агресијата врз Украина.
Можноста за враќање во системот се однесува само на националните тимови, но не и на клубовите, а прв чекор кон тоа би биле претквалификациите за Олимписките игри кои се планирани за август оваа година.
„Во ноември, ФИБА ја продолжи суспензијата на руските и белоруските клубови до крајот на април бидејќи тогаш ќе се одржи нашиот следен состанок. Олимписките квалификации се почнати одамна, на пример, во женска конкуренција тие одат преку Европското првенство, а ни Русија, ни Белорусија нема да учествуваат на него. Таков е случајот и со машката белоруска репрезентација.
Постои можност да ја вратиме Русија во олимписките претквалификации, но одлуката ќе биде донесена во април. Соработуваме со Интернационалниот олимписки комитет и заеднички ќе решиме што ќе правиме“, изјави Заглис кој не кажа дали во овој план влегуваат и младинските репрезентации на Русија и Белорусија кои, евентуално, би биле вклучени во европските првенства претстојното лето.
Девет држави веќе се спротивставија на тоа и најавија дека ќе ги бојкотираат натпреварувањата во кои ќе учествуваат репрезентациите на Русија и Белорусија или клубови од овие земји.
Станува збор за петте нордиски држави (Финска, Шведска, Норвешка, Данска и Исланд), трите прибалтички (Литванија, Летонија и Естонија) и Полска. Тоа е сериозна бројка, практично една шестина од вкупниот број членки на ФИБА Европа, а нема да биде изненадување ако и други држави се