Кошаркарот на Мајами хит, Џими Батлер објави фотографија од годишниот одмор.
Триесет и едногодишниот Американец вежба шутирање на јахта среде океан во дрес на соиграчот Двејн Вејд.
Минатата сезона, Батлер одигра 58 натпревари во просек со 19,9 поени по натпревар. Тој беше еден од најзаслужните за пласманот на „жешките“ во финалето од НБА плејофот каде беа поразени од Лос Анџелес лејкерс.